Екипите на Динамо Киев, Ференцварош и Олимпијакос се три патници во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА по првите реванш средби од квалификацискиот плеј-оф.

Вечерва Динамо (К) ја потврди својата доминација на дуелот со Гент и убедливо го порази белгискиот тим и во втората меѓусебна пресметка, овој пат со 3:0. Расположените Украинци уште во првиот дел направија предност од 2:0 и истата успеаја да ја надоградат со уште еден гол во второто полувреме за конечни 3:0.

 

На останатите два меча не видовме голови, а тоа им одеѓше во полза на Ференцварош и Олимпијакос. Унгарскиот тим по ремито (3:3) на гостувањето кај Молде, само поради бројот на постигнати голови на гости успеа да избори место во елитната фаза од ЛШ. Олимпијакос со предност од 2:0 допатува во Никозија и истата успеа да ја одбрани, играјќи без голови на реваншот.

За утре се закажани преостанатите три возвратни плеј-оф средби.