Ѕвездата на Вулверхемптон, Адама Траоре, доби покана од тренерот на Мали за пријателските натпревари во октомври.

Траоре играше за јуниорските категории на шпанската репрезентација, земјата каде што е роден и каде порасна. Тој е поканет во А-репрезентација во два наврати, но се уште нема одиграно ниту еден официјален меч за „фуријата“. Тоа значи дека тој се уште може да ја смени репрезентацијата и да заигра за Мали, од каде се и неговите корени.

Во ноември минатата година тој мораше да го откаже настапот за Шпанија поради повреда, а пред два месеци не одговори на поканата бидејќи беше позитивен на коронавирус. Сега селекторот на Мали, Мохамед Магасуба го покани за пријателските натпревари против Гана и Иран.

„Моја привилегија е што ме сакаат две репрезентации“ , рече 24-годишниот напаѓач во јануари и сè уште не го коментира повикот за Мали.