Седуммина повредени при судир на две возила на патот Гостивар-Кичево

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седуммина повредени при судир на две возила на патот Гостивар-Кичево

Една жена е потешко повредена, а шестмина се здобиле со полесни повреди во сообраќајна несреќа која што се случила вчера околу 13.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу 500 метри од „Мавровска крстосница“.

Во несреќата учествувало „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Гостивар и „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(68) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ф.-сопатничка од возилото „бмв“. По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле уште шест лица во двете возила, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата