Валенсија ја оствари и втората победа во новата сезона од Ла Лига, откако вечерва на гостувањето во Сан Себастијан со минимални 1:0 славеше над домашниот Реал Сосиедад.

Во еден исклучително тврд меч, Валенсија покажа повеќе желба и упорност, па со голот на Максимилијано Гомез во 75. минута успеа да дојде до водство, а подоцна и до трите бода на оваа средба.

Интересно е што домашните по една мешаница во гостинскиот шеснаесетник во 94. минута успеаја да постигнат гол, но главниот судија го поништи поради игра со рака.

Во четири одиграни средби досега, Валенсија има две победи и реми што ја става на врвот на табелата. За Реал Сосиедад ова е првиот сезонски пораз, откако Баскијците во првите три кола имаа две ремија и една победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore