Лејкерси своето 32. финале, но прво по 2010 година ќе го играат против Мајами. Предводени од Леброн Џејмс се големи фаворити за шампионскиот прстен против Мајами, кој пак изненади со своите игри во плеј-офот.

„Кралот“ во ЛА дојде во јули 2018 година. Откако со неговиот тим обезбедија место во финалето се присети на пораката која Коби Брајант му ја испратил за добредојде во таборот на „езерџиите“.

„Би сакал да е тука да не гледа како играме во финале. Се сеќавам кога дојдов тума. веднаш ми прати порака: „Здраво брате, добредојде во семејството“.

За мене ова беше посебен момент, во тоа време ретко кој веруваше во мене, многумина збореа дека во тој момент не е добро да се има Леброн во тимот. Се прашуваа дали ќе ги одведам во финалето. Па токму затоа многу ми значење неговата порака. Никогаш не се сомневав во себе, но кога ќе дојде нешто од Коби, тоа дефинитивно значи многу“, откри Леброн.

Џејмс со Мајами двапати ја освои титулата, во своата кариера има одиграно две финалиња, на три беше успешен. Последен пат со Кливленд во 2016 година успеа да дојде до тронот, беше подобар од Голден Стејт.