Иако утринава информациите од Белград говореа дека мечот од плеј – офот во ЛЕ, меѓу Арарат и Ц. Звезда ќе се игра во Ерменија, во земјата каде моментално се води војна, сепак УЕФА денеска донесе официјална одлука. А таа е дека мечот меѓу овие две екипи ќе се игра на Кипар.

Интересно, па и за нас, посебно ако се знае дека во ноември, во рамките на Лигата на Нации, нашата најдобра репрезентација треба да гостува во Еревен, каде треба да го одигра возвратниот меч со Ерменија.

Јасно е дека до ноември има уште време, но ако се знае дека војната меѓу Ерменија и Азербејџан, и тоа поради Нагорно – Карабах од ден на ден се повеќе се разгорува, можеби и Македонија нема да гостува во Ерменија.