Модниот фотограф и режисер Дејан Миличевиќ успеа да влезе во облека стара 19 години, откако изгуби голем број на килограми после операцијата на желудникот.
- Влегов во гардероба од 2001 година - и рече Дејан на Сања Маринковиќ и ја покажа витката фигура.
Имено, Дејан истакна дека откако ја извршил операцијата ослабел 35 килограми.
- Два дена по операцијата, ме пуштија дома, а петтиот ден направив многу фотографии и работев како да немам операција. Немав лошо искуство и многу сум задоволен од резултатите, постапката и лекарот. Жал ми е што Индира минува низ толку лошо искуство и се надевам дека сето тоа ќе заврши наскоро. И посакувам брзо закрепнување - рече фотографот во една прилика.