По 20 години им откри на странските новинари: ЦЕЦА ГО ПРЕЖИВЕАЛА БОМБАРДИРАЊЕТО - ПО ГРЕШКА

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 20 години им откри на странските новинари: ЦЕЦА ГО ПРЕЖИВЕАЛА БОМБАРДИРАЊЕТО - ПО ГРЕШКА

Српската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, во текот на бомбардирањето едвај спасила жива глава и тоа благодарение на нејзиниот сопруг, во кој се наоѓале во Хотел Југославија, пишуваат норвешки новинари.

Овој податок го открија Ханс Ос и Ролф Видерое пред неколку години со тоа што го објасниле во својата книга „Ратни Херој„ 

Како што наведоа, во ноќта кога во склоп со акцијата „Милосрдни ангели„ беше бомбардирана кинеската амбасада во Белград, мета бил Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во тој момент тој се наоѓал со Цеца во „Хотел Југославија„

Во 1972 година со само дваесет години, илегално имигрирал на запад, надевајќи дека ќе се пронајде таму себе си. Во странство се сретнал а и се запознал со многу поранешни југословенски злосторници, кои подоцна ќе бидат убиени или уапсени. Аркан исто така се смета дека е и атентатор во повеќе држави во Европа, како Белгија, Холандија, Шведска, Германија. Бил затворен во Белгија во 1974 година, од каде во 1977 година побегнал. Повторно бил уапсен во Холандија во 1979 и повторно побегнал 1981 година, каде бил ранет во судирот со полицијата. По сите тие криминални дела бил прогласен за десетиот најбаран криминалец во светот во потрага и од Интерпол.

Бомбардирањето на кинеската амбасада предизвика голем меѓународен дипломатски скандал. Мета на нападите требало да биде хотел Југославија и Жељко Ражнатовиќ Аркан, тврдат авторите на книгата. Имено, Аркан спрема нивните зборови го сматрале за легитимна мета, затоа што против него во Хаг беше подигнато обвинение за војни злочини на човештвото.

7 мај 1999 година, ракетите истовремено ги погодиле хотелот во кој беа Цеца и Аркан, но и Кинеската амбасада на Нови Белград, која е оддалечена само неколку стотини метри од амбасадата.

Иако тие имале прави информации за движењето на Аркан, Американците како што пишуваат норвешките новинари, амбасадата ја погодиле по грешка.

Користеле стари мапи, а со ракетите ја погодиле амбасадата при што убија тројца кинески службеници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата