КАКО ДА ОТКРИЕТЕ НОСИТЕЛ НА КОВИД кој нема видни симптоми

26.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО ДА ОТКРИЕТЕ НОСИТЕЛ НА КОВИД кој нема видни симптоми

Кај младите луѓе кои немаат типични симптоми на инфекција со корона вирус, има некои промени на кои треба да се обрне внимание. Клиничките манифестации на Ковида-19 неодамна станаа помалку изразени или целосно отсутни кај деца и адолесценти. Овие лица заразени со корона се нарекуваат асимптоматски случаи. За разлика од вообичаените симптоми – треска, кашлица, губење на чувството за мирис и вкус, овие заразени луѓе речиси и да немаат знаци на болест.

Барем не се забележува на прв поглед. Американската студија се занимаваше со случајот на тројца млади пациенти со лезии слични на смрзнатини кај кои беше дијагностицирана тешка корона инфекција со вирусот (SARS-CoV-2). Двајца од тројцата немале други симптоми, но биле носители на инфекцијата.

Лезии на кожата (промени), како што се еритематозен осип, уртикарија и везикули слични на овчи сипаници, беа пријавени кај 18 (20,4%) од 88 пациенти со 19 лица во претходната студија.Овие симптоми се развиле на почетокот на инфекцијата со корона или за време на престојот во болница и немале никаква врска со сериозноста на клиничката слика.

Во случај на тројцата млади пациенти споменати погоре, лезиите влијаеле на екстремитетите, особено на стапалата. Прво се појавија во форма на виолетови дамки кои полека се претворија во виолетови лезии, а потоа во плускавци и улцеронекротични лезии, за на крај да се вратат целосно во „нормалната“ состојба.

На 14-годишно момче заразено со корона се појавиле чиреви на нозете. Промените исчезнаа во следните 7 дена. Заклучокот на научниците е дека кај младите луѓе кои немаат типични симптоми на инфекција со корона вирус, промени во кожата се јавуваат во голем број случаи, но ова секако е теорија што треба подетално да се испита.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата