Поранешната љубовница на кралот: МИ ПОДАРИ 60 МИЛИОНИ ЕВРА, ПА МИ ГИ БАРАШЕ НАЗАД

26.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешната љубовница на кралот: МИ ПОДАРИ 60 МИЛИОНИ ЕВРА, ПА МИ ГИ БАРАШЕ НАЗАД

Како долгогодишна љубовница на кралот Хуан Карлос, Корина Зу Сајн-Витгенштајн беше упатена во многу работи, па затоа не е изненадувачки што таа без размислување одговори на повикот на познатиот Paris Match за да ги раскаже сите детали од неговиот живот. Кралот Хуан Карлос ја напушти Шпанија на почетокот на август и отиде во Обединетите Арапски Емирати каде сè уште престојува.

Дека одмаздата на оставена жена е она од што повеќето мажи стравуваат, сведочеше поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос, откако Paris Match објави интервју со неговата поранешна љубовница, Корина Зу Сајн-Витгенштајн, која со години беше вистинска мистерија за сите Европејци. Денес ситуацијата е сосема поинаква, бидејќи оваа русокоса Германка ја користи секоја можност и секоја покана од медиумите да ги открие деталите за нејзината тајна вонбрачна врска со кралот Хуан Карлос.

Последен во низата, оној за Paris Match, исто така открива детали досега непознати за јавноста, кои Корина ги чувала за себе сиве овие години. Според нејзината приказна, кралот Хуан Карлос наводно и ‘открил среде нивната најголема љубов дека се плаши за неговата иднина, како и од плановите што ги имаат неговите непријатели за да го уништат. Меѓу неговите непријатели, на прво место ја постави неговата сопруга, кралицата Софија, која ја обвини дека сторила сè за да го донесе на тронот нејзиниот син Фелипе, кој е сегашен крал на Шпанија.

Покрај неа, таа го повика поранешниот шпански вицепремиер Маријано Рахој, кој сакаше да го ослабне влијанието на кралот. Оваа нејзина изјава доста ја изненади јавноста, бидејќи Рахој, за време на неговото владеење од 2011 до 2018 година, секогаш јавно ги фалеше и ги поддржуваше кралството и самиот крал.

Поранешната љубовница на кралот Хуан Карлос призна дека по откривањето на нивната афера почнале да ја прогонуваат, а таа исто така тврди дека се обиделе да ја замолчат заканувајќи и се со судбината на принцезата Дајана. Заради сето ова, вели таа, 65 милиони евра што ги добила од поранешниот шпански крал, ги сметала за дарежлив подарок и признание колку му значела, и покрај тоа што тој ги побарал парите назад две години подоцна.

Озлогласениот заводник Хуан Карлос, поранешен 82-годишен шпански крал, е во брак со кралицата Софија од 1962 година, а неговата љубовна врска со Корина Зу Сајн-Витгенштајн, деловна жена родена во Данска, траеше од 2004 до 2009 година. Нивната романса беше сензационално откриена во 2012 година кога Хуан Карлос го скрши колкот додека ловеше слонови во Боцвана и мораше да се врати од патувањето на кое потоа беше придружуван од Зу Сајн-Витгенштајн.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата