Вардар 1961 го прескона второто коло во Лигата на шампионите, откако ЕХФ го прифати барањето на Елверум за одложување на мечот во Скопје поради Ковид-протоколите на Норвешка.

Следен противник на актуелниот првак во најелитното европско клупско натпреварување е Пик Сегед, дуелот е закажан за први октомври.

Унгарскиот тим „црвено-црните“ ќе ги пречекаат со засилување на трибините, 971 фанови ќе можат да купат билети за оваа средба. Ова е едниот проблем, вториот е комплетирање на составот.

Пик Сегед поради шестмина заразени со Ковид-19, првиот меч во ЛШ не го одигра, а додека на гостувањето кај Келце отпатува со младинци. Според најавите постојат шанси против Вардар 1961 да се вратат сите ракометари. Оваа информација се очекува да биде потврдена од понеделник.