Во популарната емисија „Inside The NBA“ главна тема беше Никола Јокиќ и неговиот настап на четвртиот финален натпревар во финалето на Западот.

Српскиот репрезентативец одигра слаб меч во поразот на Денвер, не успеа да погоди ниту еден пут од игра, а во последната четвртина речиси и го немаше на теренот. Токму на оваа тема говореше, Чарлс Баркли, кој истакна дека Јокиќ е уморен.

„Малиот е уморен. Има толку многу задачи за време на мечевите, оваа екипа зависи од него, па затоа е логично да го фати замор. Тој е фантастичен, но ја потроши целата енергија“.

Со сето ова не се согласи Шекил О’Нил.

„Ентони Дејвис исто прави многу работи“, рече Шек, што пак беше причина да се разлути Баркли.

„Ти се шегуваше со мене? Не, Ентони Дејвис не мора да го прави она што мора Јокиќ. Тој мора да ја земе секоја, топка да асистира, да забива и да игра одбрана. Те Молам“, рече Баркли.

„Еј, па тоа го прави секој голем играч како Леброн. Не мислам дека Јокиќ е уморен, но имаше проблем со личните грешки. Кога е во ритам е одличен, но кога мора да седи на клупа седум или осум минути, тогаш ќе се олади. Затоа приказните за замор, не држат водат“, врати О’Нил.

„Дај биди реален. Нема многу играчи во историјата кои морале постојано да го чуваат најдобриот противнички играч, а Јокиќ тоа го прави. Не му барам алиби, само велат дека има премногу одговорности во тој тим“.