Тимот на Реал Мадрид нема да може да смета на услугите на Еден Азар и викендов откако Белгиецот не успеа навреме да се опорави од повредата која го мачи. Тренерот Зидан посакуваше да го има офанзивецот за гостувњето кај Бетис но тоа очигледно дека нема да се случи. Азар пропушта второ коло по ред откако не играше и на отварањето на Примера, против Реал Сосиедад.

Азар мака мачи години да се врати во посакуваната форма и да се искачи на нивото кое сите одамна му го предвидуваат во дресот на Реал Мадрид кој плати цело богатство кога го доведуваше од Челзи.