Во Градскиот парк се одржа хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Градскиот парк се одржа хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Пешачките патеки во градскиот парк во Скопје денеска беа претворени во атлетичарски патеки по кои децата со Даунов синдром и нивните другарчиња трчаа со цел да ги срушат бариерите и докажат дека сите спортисти имаат една заедничка цел, а тоа е да имаат еднаков пристап до спортот.  Од мечувалечкиот клуб „Ескрим“ кои четврта година по ред се јавуваат како организатори на трката велат дека годинава е постигнат рекорден број заинтересирани натпреварувачи, но и посетители дојдени да дадат поддршка на настанот.

Билјана Кузмановска која е дел од организацијата вели дека со ова се потврдува фактот дека спортот е од огромно значење за здравјето и социјализацијата на овие деца.

„Спортувањето рамо до рамо со децата со попреченост повеќе не е табу, а прифаќањето на ваквите дечиња во многу спортски клубови овозможува дополнителни успеси во областа на спортот во и надвор од земјата“, додава Кузмановска. Таа изрази благодарност и до Град Скопје кој беше покровител на настанот.

Во нашата држава околу 10 проценти од населението се соочува со некаков вид на попреченост, а од информациите на Народниот правобранител од вкупниот број на деца кои посетуваат предучилишна установа, 1,19 отсто се деца со попреченост.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата