ВАЖНО ЗА ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ: Ова утврдила науката - дали и кога тој ве лаже во вашиот интимен однос

23.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАЖНО ЗА ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ: Ова утврдила науката - дали и кога тој ве лаже во вашиот интимен однос

Не лажат само жените дека имаат оргазам за време на сексот, тоа го прават и мажите и појавата е навредлива за жените и битно влијае на нивната врска.

Истражувањата на британските сексолози вршени година дена на над 1.000 парови покажаа дека мажите имаат навика да глумат оргазам или едноставно да го одработат тоа инспирирајќи се во своите мисли од други мотиви, а не од својата партнерка за сексуалниот чин да го завршат на свое задоволство.

Ако сте загрижени за тоа дали вашиот партнер е искрен и посветен на вас во вашите сексуални односи, реултатите од овие истражувања утврдиле неколку клучни карактеристики кои се појавуваат кога тој има секс и тоа го прави со задоволство кое е придизвикано од вашето присуство и од вас самите.

Често зборува!

Сексот е комуникација низ телесен однос со точно определен партнер кој е другата страна на односот, велат британските истражувања. Како што знаете да препознаете дека тој е отсутен додека разговарате за некоја тема, со умот е на друго место и не го следи ритамот и содржината на разговорот, исто така тоа е забележливо и во сексуалниот однос.

Ако често зборува за време на сексот, кажува детали од она што во меоментот се случува меѓу вас и стимулира емоции кај себе и кај вас, тогаш е голема веројатноста дека е целосно посветен на жената и дека е фокусиран на вашиот однос. "Валканиот разговор" за време на сексот е обострано возбудлив. Разговарајте со него за тоа, можеби тој би сакал да чуе нешто “валкано“ и од вас.

Ако е тивок, тоа е нешто друго! Вашиот сакан спаѓа во оние тивок сексулаен карактер? Тоа има свои негативни белези но, и добра страна. Тој сексот го доживува, пред се, како задоволство за себе и не е фокусиран на вас туку на сопствените чувства и потреби и вашата улога е секунадрна, што можеби не ви дава доверба во него и не ве опушта да имате бурен и длабок однос. Од друга страна ако не зборува за време на сексот, не покажува бура од емоции, во такви околности кај него стимулацијата од вас е помала но, сексуланиот однос му трае подолго, што во крајна линија може да биде утеха за вас. Но, само утеха. Сексот не е мерење време на пенетрација, туку длабок однос помеѓу партнерите кој е доказ и за љубовта и за значењето еден на друг.

А што ако за време на сексот се смее

Тоа е појава која не е ретка во сексот како што можеби мислите. Првата причина е од физички карактер, поголем сензибилитет на скокотливост кога го допирате на места кои му предизвикуваат смеа, и во таков случај намелете ги движењата на рацете по неговото тело.

Втората причина за смеење за време на сексот, според резултатите од истражувањето, е ако сексот го доживува како игра а не примарно како еротски однос. Да, тој е подготвен за секс и го прави тоа, но преовладува потребата од радост при играњето со своето и вашето тело, импресионираност од пресвртот од вообичаено кон сексуално однесување и скриеното чувство на вина заради сексот кој потсвесно се обидува да го претстави како наивно играње. Во ваков случај суетата на жената и нејзината функција кај партнерот се предизвикани и доведени во прашање, а длабок однос е тешко остварлив.

Испушта крикови - Бинго!

Вашиот партнер во сексот звучи како ранет бизон или некое друго диво животно, особено пред и за време на финалниот чин? Тогаш тој навистина е многу добар со вас. 

Испуштањето придушени крици, длабокото дишење кај него значат дека е присутен и посветен токму на вас, дека се чувстувува опуштен и има доверба во жената со која има сексуален однос. Ова е природен, животински инстикт. Имајте на ум дека сексот е општоприсутна појава меѓу цицачите од сите видови, на кои спаѓа и човекот и затоа однесувањето според овој модел значи дека мажјакот е препуштен на одност до крајност, не калкулира и не е себичен партнер кому е сеедно дали сте тука вие или некоја друга за да доживее завршен сексуален чин.

Истражувањето покажало, исто така, дека паровите кои имаат искрен, длабок и посветен сексуален однос меѓу себе без оглед на неговата зачестенот и должина на односот, имаат многу повеќе блискост и доверба и во секојдневниот живот и соработка во сите фази на заедничкото живеење. Затоа, не е сеедно што се случува меѓу вас во кревет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата