УБАВИЦАТА МИЛИЈАНА И ДЕДОТО МИЛОЈКО ОВДЕ ПРАВАТ БЕБЕ - ова е куќата на најчудниот пар во Србија (ФОТО)

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УБАВИЦАТА МИЛИЈАНА И ДЕДОТО МИЛОЈКО ОВДЕ ПРАВАТ БЕБЕ - ова е куќата на најчудниот пар во Србија (ФОТО)

Милијана Богдановиќ (21) и Милојко Божиќ (74) живеат во реновирана куќа од 19 век во која имаат само кревет, шпорет на дрво и чешма. Тие за информер.рс ја покажаа клупата на која првпат се бакнале.

Набизарната двојка на Балканот, Милијана Богдановиќ (21) и Милојко Божиќ (74) ја отвори портата од нивниот дом во селото Пилатовиќи кај Пожега. Младата убавица и пензионерот живеат во соба од околу десетина квадратни метри и, како што велат, не им треба нешто повеќе.

Фото: Информер.рс

- Оваа куќа е од дедото на Милојко, има повеќе од 200 години. Во неа имаме сè што ни треба - кревет, маса, телевизор и кујна. Во куќата до оваа, која треба да ја реновираме, има уште многу соби - раскажува Милијана гледајќи со љубов во Милојко.

- Тој сака да се одмора на оваа фотелја, јас обично сум на креветот. Кога ќе се стемни, обајцата сме во кревет и правиме се што сакаме, исто како и сите други двојки. Овој лежај е удобен и цврст, така што нема грешка. Работиме на дете. Барем да имаме едно.

Милојко открива дека еден ден нивниот ден во селото изгледа вака:

Фото: Информер.рс

- Најпрво станувам јас, правам кафе и, ако е убаво, седнуваме на терасата и уживаме во погледот. Тогаш Милијана обично подготвува гулаш за ручек, кој го обожавам, а понекогаш и нејзината баба ни дава храна или нешто нарачуваме.

Овие гулапчиња ги покажале најважните места во селото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата