Пукано кон автомобил во движење во Батинци

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукано кон автомобил во движење во Батинци

Дваесет и седумгодишник од село Батинци во полиција пријавил дека во раните утрински часови на 22 март било пукано кон неговиот автомобил, на излезот од ова село.

Сопред пријацата, тој се движел со својот „голф“, а во еден момент кон автомобилот со оружје почнале да пукаат двајца негови соселани, но не го повредиле.

По преземени мерки од полицијата, еден од злосторниците бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата