Сагата околу Луис Суарез наскоро треба да заврши, се очекува да биде претставен како ново засилување на Атлетико Мадрид.

Според шпанските медиуми трансферот е завршен, се чека официјална потврда од клубовите. Суарез ги договорил сите услови со мадридскиот тим, каталонскиот гигант правеше мали проблеми, но на крајот двете страни успеаја да најдат заедничко решение.

Каталонците ќе добијат оштета од четири милиони евра од Атлетико и тоа од разни бонуси, а Суарез е слободен да си оди.

Уругвајскиот напаѓач ја напушта Барселона по шест години и 283 одиграни мечеви. Постигна 198 гола и освои се што можеше.