Денвер уште еднаш покажа дека не смее да биде отпишан никогаш, во третиот финален натпревар во Западната конференција славеше со 114-106 и намали на 2-1 во плеј-оф серијата.

Овој пат не им беше потребен голем пресврт во второто полувреме како што беше случај со Клиперс. Кошаркарите на Нагетс овој пат го спасуваа водството, во последната четвртина влегоа со позитива од 18 поени, но на неполни четири миниту до крајот Лејкерси се доближија на минус три, благодарение на грешките на Денвер и одличната одбрана.

Не се предадоа Нагетси, Мареј погоди две тројки и го реши името на победникот. На крајот со 26 поени, 12 асистенции и осум скока беше прво име во својот тим, зад него беше Никола Јокиќ со 22 поени, 10 скока и пет асистенции. Одличен натпревар одигра Џереми Грент со рекордни 26 поени во плеј-офот.

На другата страна Леброн Џејмс имаше трипл-дабл од 30 поени, 11 асистенции и 1о скока, Ентони Дејвис запиша 27 поени.