Гејтс кажа што мисли за тврдењето дека Маск е „новиот Стив Џобс“

21.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гејтс кажа што мисли за тврдењето дека Маск е „новиот Стив Џобс“

Бил Гејтс неодамна бил гостин на телевизијата „Блумберг“ каде што го прашале што мисли за тоа што Илон Маск го нарекуваат „новиот Стив Џобс“.

„Ако ги познавате лично, чудно e да се постават работите толку едноставно. Илон е повеќе практичен инженер, додека Стив беше гениј кога станува збор за човечки ресурси, маркетинг дизајн“, рекол Гејтс.

Тој додал дека многу го почитува Илон Маск и неговата компанија „Тесла“, но и дека борбата против климатските промени е многу покомплицирана од производството на електрични возила.

Кога новинарите го прашале дали се преценети акциите на „Тесла“, Гејтс не сакал да коментира, но рекол дека тоа е повеќе тема за луѓето од берзата и дека нема апсолутно никаква врска со климатските промени.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата