Новак Ѓоковиќ-Диего Шварцман е финалето на мастерсот во Рим. Српскиот тенисер денеска го совлада Каспер Руд со 2:0 во сетови, а во другиот полуфинален меч Аргентинецот Диего Шварцман во три сета со многу мака го совлада младиот Канаѓанец Денис Шаповалов.

Аргентинецот лесно го доби првиот сет 6:4, а потоа младиот тенисер заигра подобро и во вториот сет дојде до брејк и го доби со 7:5. Во третиот сет беше многу возбудливо. Се отиде во тај-брејк, а таму Шварцман помалку грешеше и победи.

Така Аргентинецот утре ќе го игра првото Мастерс финале во кариерата. Да потсетиме дека Ѓоковиќ ќе го игра 10-тото финале во Рим.

Мечот е утре со почеток од 17 часот. Во Рим се игра и турнир во женска конкуренција, а во финалето утре со почеток од 14:30 часот ќе играат Симона Халеп и Каролина Плишкова.