(Видео) Кортни Кокс го посети станот на „Пријатели“

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Кортни Кокс го посети станот на „Пријатели“

Американската актерка Кортни Кокс (54), позната како Моника Гелер од серијата „Пријатели”, ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи. Всушност, актерката објави видео на кое позира пред местото кое во серијата се прикажуваше како стан на Моника.

„Добра ноќ на тимот. Се вратив дома“ рече во кратко видео Кортни, а потоа опуштено отшета од кадарот.

Додека стоеше на крстосницата на една њујоршка улица, која беше снимена за кадровите на екстериерот на станот на нејзиниот лик, носталгичната актерка во заднина ја искористи и музиката од серијата која неодамна беше прогласена за најпопуларна серија на сите времиња.

„Фантастично, навистина убаво е да те видам тука“ е само еден од многуте коментари на одушевените следбениици на социјалните мрежи.

Ова не е првпат Кокс да се потсети на легендарната улога која ја прослави. Затоа таа неодамна објави една стара фотографија со својата колешка Лиса Кудроу (55), која во серијата ја глумеше симпатичната Фиби Бафеј.

„Дали си тоа ти? Ова е првото прашање што ме праша Лиса кога ѝ ја покажав оваа заедничка фотографија“ напиша Кортни во објавата на „Инстаграм“.

Кортни исто така ѝ посвети емотивна објава и на својата друга колешка, актерката и добра пријателка Џенифер Анистон (50) по повод нејзиниот роденден.

„Светот дефинитивно стана подобро место откога се роди. Среќен роденден, мила. Те сакам“ ѝ напиша Кортни на својата колешка од серијата „Пријатели”.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата