Комисијата за заразни болести, како што најави денеска директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исјановски, утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Според него одлуката зависи од епидемиолошката слика, од сите случувања во однос на самата болест и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување целодневен престој.

Исјановски одговарајќи на новинарски прашањи не ја исклучи можност за затворање на градинките, доколку дојде до влошување на состојбата со Ковид-19, кои, пак се отворија на почетокот на месецот, но веќе има неколку случаи на дечиња заболени од корона вирусот.

- Да, можно е повторно затворање на градинките, можно и да се преземат одредени мерки и да се дадат насоки од Комисијата кон Владата, рече Исјановски.

Родителите на децата до шест години од 23 септември, пак, треба да се вратат на своите работи позиции, исто така, и оние кои користат продолжено породилно отсуство, а Филипче вчера во однос на барањето на овие родителите рече дека доволно време траеја сите мерки што се имплементираа во однос на продолжување на породилното отсуство, практично шест месеци.

 

Најчитани вести