Работнички – Струма Трим Љум 1:1 (0:0)

Стадион Борис Трајковски. Без гледачи

Главен судија: Марјан Гоцевски Помошници: Ѓорѓи Станковски, КИре Ангеловски (сите од Струмица)

Стрелци: Цветаноски 78‘(С), Тошевски 86‘ (Р)

Играч на натпревар: Фљамур Таири (С)

Работнички: Јанков, Зука, Ѓорѓевиќ, Петковски(Шаркоски 75‘), МУарем (Тошевски 65‘), Ѓурѓевиќ (МАксимов 75‘), Тодоровски (Чумиќ 65‘) Силјановски, Стојков, ПЕцов, Трајковиќ

Струга Т.Љ:Ѓуриќ, Ристески, Шеји, Цаке, Таири, Шабани, Османи ЈАхја 90‘), Касами, Миленковски (Лена 46‘), Цветаноски (Скендери 88‘), Мециновиќ

Милош Тошевски е спасител попладнево на тимот на РАботнички, затоа што постигна гол во 88.минута од мечот против Струга Трим Љум и на тој начин го израмни резултатот на 1:1, кои пак подоцна беше и конечен на овој меч. Претходно Дејан Цветаноски успеа десетина минути претходно да им донесе водство на гостите по една убава акција но Струга едноставно не издржа  на овој натпревар до крај.

Првиот дел од мечот доигран денеска во Маџари, не донесе некаква убавина ниту пак, фудбалска умешност. Борба претежно на средината на теренот, нешто што е вообичаено кога се игра прволигашки фудбал на овој терен.

Првиот удар за гостите беше дело на Таири, кој искористи еден отпадок, а потоа на спротивната страна, Силјановски на два пати се обиде преку гол. Слободениот идар на Таири со кој финишираше првиот дел беше последната акција вредна за споменување во овој дел од натпреварот.

Вториот пак дел стартуваше со ситуацијата пред голот на Работнички кога Османи имаше ситуација добро да асистира за Цветаноски но не се разбра со својто соиграч и испратимлоша топка на петерецот. На спротивната страна Муарем од одлична поизиција од слободен иудар централно биеше само во живиот зид.

Капитенот Фљамур Таири во 60. Минута при една контра за Струга распали помтопката, а таа мина сантиметри покрај голот на Јанков и ова може слободно да се оцени како најголема шанса до тој момент. Веќе следната акција беше и зицер ситуација затоа што Цветаноски одлично додаде по лево за Лена, овој шутира силно, но Ристе Јанков одлично интервенира и спасува чист гол.

НА спротивната страна пак, добрата асистенција на Зука односно Тодоровски не ја користи Ѓурѓегиќ.

И во 78. Минута се случи најважниот момент на овој меч. Лена се октри прекрасно по десно влезе во шеснаесетникот на Работнички, нафрли на петерец, а таму Цветаноски рутинириано пласира во мрежата на Јанков.

Сепак, Струга немаше сили да издржи на овој меч и 86 минута, на една нафрлена топка на Зука од лево, топката од неколку играчи на петерецот се спушти на втората статива, таму осамен Милош Тошевски успеа да го совлада голманот Ѓуриќ и да израмни на 1:1.