Гвинет Палтроу го откри најбизарниот детаљ од својата венчавка

22.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвинет Палтроу го откри најбизарниот детаљ од својата венчавка

Додека гостуваше кај својот колега Дакс Шепард во шоуто Armchair Experts Podcast, познатата актерка раскажа една приказна што многумина ја сметаат за бизарна.

Таткото на познатата актерка Гвинет Палтроу, Брус, починал на семејно патување во Италија во 2003 година, на кое таа го славела својот 30-ти роденден. Оттогаш таа секогаш била неописливо тажна на својот роденден. Татко ѝ починал на возраст од 58 години, а Гвинет измислила начин како да го ублажи тој животен удар, па затоа решила да се омажи за продуцентот Фалчук токму во тоа време.

„Со години бев многу тажна поради мојот роденден. Сакав да променам нешто во врска со тоа. Мојот роденден е на 27 ноември, а венчавката решив да ја организирам на 29 ноември. Се омажив во близина на дрвото каде што е закопана урната на татко ми и на некој начин и тој присуствуваше на венчавката“, изјави Гвинет во шоуто, истакнувајќи дека тоа го направила со цел да престане тие денови да ги поврзува со најголемата загуба во животот. Свадбената церемонија беше организирана во нејзиниот дом во Хемптонс, а најголема улога притоа имаа нивните деца.

Палтроу од бракот со Крис Мартин има две деца, ќерката Епл (14) и синот Мојсеј (12). Фалчук исто така има ќерка и син од претходниот брак.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата