И дефинитивно е јасно, Герет Бејл го делат часови од официјалната промоција во Тотенхем. После долго време Даниел Леви, првиот човек на “спарси“ е херој на навивачите на овој клуб. Отсекогаш важел за човек кој не сака премногу да троши за купување на мега – ѕвезди.

Но она што го направи за враќањето на Герет Бејл навистина е фасцинантно, токму затоа се поставува прашањето дали Леви го надмудри Флорентино Перез, газдата на Реал Мадрид.

А за што станува збор? Па, за парите нормално.

Бејл во Реал Мадрид заработува 18 милиони фунти на годишно ниво. И нормално е дека “кралевите“, со оглед на тоа дека Велшанецот во Тотенхем една година ќе игра како позајмен играч,бараа поголемиот дел од тие 18 милиони фунти да ги плаќа клубот од Лондон.

Но Леви успеа да го “наговори“ Перез тие да му платат само половина од тие пари на Бејл, а остатокот да биде платен од Реал.

Дури од ова се гледа колку Перез и Реал сакале да се “откачат“ од Бејл, ваков лош договор првиот човек на “кралевите“  сигурно никогаш не би потпишал.