Пеп Гвардиола, стратегот на “граѓаните“,  за медиумите во Англија  покрај тоа што говореше за стартот на новата сезона во Премиерлигата, кажа и за тоа дали и колку Лео Меси бил блиску до  трансфер во Манчестер Сити, но и за Тиаго Алкантара, кој го засили Ливерпул. Тимот кој што и оваа сезона ќе му биде главен конкурент во битката за титулата на Островот.

“Мислам дека не морам сега да објаснувам  дали и колку Лео бил блиску од трансфер во Сити. Лео доволно добро ги изрази  своите мисли и чувства, тој е играч на Барселона и точка. Немам што да додадам. Не знам дали сака или сакал да замине од Барса, впрочем прашајте го него.Што се однесува до Тиаго, искрено не бевме заинтересирани за негово доаѓање во нашиот клуб. И онака имаме премногу играчи на таа позиција. Од друга страна среќен сум што тој доѓа во Премиерлигата, Англија ќе ужива во неговите игри“заклучи Гвардиола.