НАЈЧЕВСКА се надмина себеси: САКАМЕ ДА ГИ ЗНАЕМЕ ДИЈАГНОЗИТЕ и сите интими на вашите во фамилијата

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈЧЕВСКА се надмина себеси: САКАМЕ ДА ГИ ЗНАЕМЕ ДИЈАГНОЗИТЕ и сите интими на вашите во фамилијата

Мирјана Најчевска, шарен и секаков активист, ја поддржува и поттикнува валканата кампања за претседателските избори па оди дури до таму што треба да се изнесуваат и туѓи медицински дијагнози! Не само на кандидатите, туку и на членови на нивните семејства. Таа дури во прашална форма наметнува инсинуации, а ако е така треба да даде проимер за оние кои ги поттикнува: да покаже јасни и прецизни докази за своите инсинуации, но таа докази нема.

Некои дијагнози се гледаат сами по себе, од пишаниот збор на авторот.

Не знаеме дали противкандидатот Стево Пендаровски би го прифатил ова, но јавноста секако не а и казниво е со закон. Што напиша Најчевска на Фејсбук:

А каде е вработен синот на Силјановска?
Во некој управен одбор беше? Или некое директорско место? Некои рудници да не беа?
Или Силјановска нема појма исто како што немаше појма и за сопругот и фри-шоповите?
И не драга моја Силјанице, не може да бидат оставени на мира. Ако си се впуштила во трка за претседател ќе ти биде извадено се на виделина и сите проблеми и сиот валкан веш и сите грешки кои си ги направила и проблемите во семејството (болести, психотропни супстанци и сл.). Се е важно во одредувањето како на личноста на идниот претседател така и за можните влијанија кои би ги трпел во иднина.
Претседателот на државата е главен командант и ја претставува државата во светот и има највисок можен имунитет.
Тоа значи дека мора се да знаеме пред да го направиме нашиот избор за да може да избегнеме ситуација да добиеме фикус во претседателската фотеља.

Патем, Најчевска треба да знае дека државава има премиер, министри, претседатели на Врховен, Уставен и други судови кои, според нејзиниот модел, треба да изнесат дијагнози и семејни кавги на виделина. Дали им е прифатливо тоа? На јавноста - секако не, таа бара да види кој и што работи за што е платен, се друго е болен воајеризам.

За почеток да го погледнеме видеото:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата