Ако нема врски, како братот на Николовски се вработи на Царина додека тој беше министер за Земјоделие?

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако нема врски, како братот на Николовски се вработи на Царина додека тој беше министер за Земјоделие?

Љупчо Николовски денес како заменик на Претседателот на владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси гостуваше во емисијата „Само интервју“ на Канал5 телевизија. Во своето гостување велеше дека нема да дозволи вработување преку врски.

„Во нашето општество се мора со протекции и врски, е баш против тие протекции и врски  ќе се борам. И мислам дека ќе започнеме еден таков процес. Јас на мојот телефон имам дневно илјадници пораки за секакви ситни потреби на граѓаните. Граѓаните исто така се научени  на тој начин за да можат полесно да сработат нешто“, нагласи Николовски.

Но во ноември месец 2018 година излезе голем скандал по медиуми, а тоа беше дека братот на тогашниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски бил вработен во македонска Царина, а негови други однини се вработија по други државни институции. Од тука се поставува прашањето, ако Николовски се залага да нема вработување преку врски, тогаш како неговиот брат додека тој беше министер за Земјоделие се вработи во Царина?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата