Мора да си многу среќен човек или претерано квалитетен кадар за првото работно место во животот да ти биде министер. Една од овие две претпоставки веројатно била клучна за министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу кој во своето CV ќе може да наведе дека прво работно место му било министер во владата на премиерот Зоран Заев.

На својот реално блескав старт на кариерата, Фазлиу според податоците објавени од Владата зема месечна плата од 66.442 денари или нешто помалку од 3 пати повеќе од просечната плата во Македонија.

Што правел претходно, бидејќи има скоро 33 години, може да се најде само на Википедија.

„Сухејл Фазлиу (30 септември 1986 во Скопје) — македонски политичар од албанскo етничкото потекло и министер за локална самоуправа во македонската влада од 2017. Фазлиу е член на Алијанса за Албанците. Средно училиште завршил во „Панче Караѓозов“ а дипломирал современи науки и технологии при универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тој во периодот 2010–2016 работел како консултант за информатичка технологија за различни компании“ – стои во базата на отворената енциклопедија.

Што работел во овие компании не се знае, но неговиот стаж, доколку постоел го нема наведено како информација во листата на Владата и тој, не добива додаток на плата за изминат стаж како другите министри.

На веб сајтот на Владата за него пишува дека имал богата професионална кариера.

„Дипломирал на Универзитетот на Југоистична Европа, во Тетово, на Факултетот за современи науки и технологии.

Во својата професионална кариера има богато искуство во сферата на информатичката технологија и тоа во реализација на консултантски услуги за локална самоуправа на проекти, во Македонија и надвор од земјата.

Министерот Фазлиу како независен консултант за Е-Влада и Е-Трговија, има работено за повеќе јавни претпријатија, како и за приватни компании за услугата Е-Трговија.

Во периодот од 2010 до 2015 година, работи и како консултант за информатичка технологија и веб апликации за различни компании.

Министерот Фазлиу активно ги користи англискиот и македонскиот јазик.

Министерот Сухејл Фазлиу е роден 1986 година, во Скопје.“ – стои на владиниот бев сајт.

2

loading...
loading...

Најчитани вести