Каи Хаверц, најскапиот фудбалер во историјата на Челзи, за кого тимот од “Стемфорд Бриџ“ плати околу 80 милиони евра и плус разни бонуси, смета дека во денешно време нормално е да се плаќаат толку пари за отштета. Да потсетиме дека репрезентативецот на Германија ова лето од Баер Леверкузен се пресели во Лондон, во еден од светските гиганти, во Челзи.

Тој за “Гоал.цом“ на оваа тема го кажа следното…

Секако дека тоа е голема отштета, но сметам дека во денешно време, во денешниот фудбалер нормално е да се плаќаат толкави суми за отштета. Јас сигурно нема да бидам под притисок, сак да играм фудбал и ќе дадам се од себе. Затоа сум тука“ смета Германецот.