Познатата пејачка родила бебе тешко 5 килограми (ФОТО)

21.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатата пејачка родила бебе тешко 5 килограми (ФОТО)

Познатата пејачка Џесика Симпсон родила живо здраво женско бебе тешко 4,6 килограми.

Таа имаше тешка бременост затоа што имаше проблеми со килограмите. Пејачката во третата бременост се поправи неверојатни 40 килограми, а сега после бременоста може да здивне а на свет донесе живо и здраво женско бебе.

Бебето го доби името Бриди Мае Џексон, а гордата мајка објави фотографија од нејзината постара ќерка со бебето.

 

Она што сите ги изненади е што бебето се роди тешко скоро 5 килограми, додека просечното бебе тежи околу 3,2 до 3,5 килограми.

За пејачката оваа бременост била едно возбудливо и пријатно патување.

Таа за време на бременоста цело време објавуваше фотографии и со какви проблеми се соочува. Во март изминатата година мина цела една недела во болница поради бронхит и тоа по четврти пат за два месеци.

Но, сега на маките им дојде карајот, а преслаткото бебе ќа направи пејачката да ги заборави сите проблеми додека ја држи во раце.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата