ЧЕДА ЈОВАНОВИЌ ГО ЗАКОПА ЃИЛАС: Тој е криминалец, со него протестираат само 400 луѓе, а за РТС - ЛАЖЕ (ВИДЕО)

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧЕДА ЈОВАНОВИЌ ГО ЗАКОПА ЃИЛАС: Тој е криминалец, со него протестираат само 400 луѓе, а за РТС - ЛАЖЕ (ВИДЕО)

Постојат неколку причини кои влијаат на оваа криза. Протестите се потполно изолирани без перспектива, без поддршка на општеството, особено поради насилството на десничарите кое не е наивно. Никој не беше уапсен, Вучиќ веднаш побара да се ослободат средношколците кои беа уапсени од страна на полицијата, а тоа е можеби разликата меѓу него и Ѓилас кој некогаш бараше десетгодишна затворска казна за 16-годишни деца кои беа приведени од страна на полицијата за време на протестите во Белград кога тој беше градоначалник . Луѓе во Србија се незадоволни, но причините за ова незадоволство се сосема различни од оние приоритети, на кои се фокусираат на дел од партиите кои протестираат. Од нив ќе ништо нема да слушнете за НАТО, го напаѓаат Вучиќ ека тајно ја воведува Србија во НАТО, тие се противници на Европската унија, бараат прекин на преговорите со Европската унија, го обвинуваат Вучиќ за предавство и за разговорите со косовските Албанци и го предупредуваат дека го крши Уставот, бидејќи Косово е дел од Србија и дека кривично ќе одговара за продолжување на преговорите со криминалците Харадинај и Тачи.

Преку низа клучни прашања за нашето општество, тие се полоши од Вучиќ. А Вучиќ треба да им подигне споменик на луѓето кои му го рејтингот за 10 поени со оние моторни пили со кои влегоа во РТС, кој го чуваат пензионирани полицајци.

Не ги поддржувам протестите од истите причини заради кои не ги поддржав ВМРО во Македонија, иако тоа е ваше внатрешнополитичко прашање. Јас не ги поддржувм луѓето кои влегоа во РТС, знаете што им рекоа на пензионираните полициски службеници: Сараево така изгубивме, го загубивме Книн, па и Косово. Зошто да ги подржам луѓето кои со моторни пили влегоа на телевизија. Која е таа вистина која сакаа да и ја кажат на Србија и се лишени од тоа. Тие не кажуваат ништо за фер услови за избори. Тие бараат по 5 минути за себе на телевизија. Не е точно дека не постои опозиција на РТС. Апсолутно не е вистина. На РТС се повеќе од мене, бидејќи јас не одам секогаш кога ме бараат. Инаку, за ниту една од нивните активности на РТС не се молчи.

Знаете ли колку луѓе учествуваа во протестите во неделата кај Вучиќ: 400. Тие дојдоа со барање дека нема да си одат ако Вучиќ не поднесе оставка, па потоа по 2 часа отидоа  пред полицијата да бараат ослободување на 5 демонстранти, од кои две се жртви на нивната манипулација и глупост.

По анкетите и по овие протести, Вучиќ има околу 60% од поддршката на граѓаните кои велат дека ќе гласаат. Сите изборни закони беа донесени пред власта на Вучиќ. Целосниот уреднички колегиум на РТС е од отоа време. Со комплетна редакција. Ова не го кажувам во прилог на Вучиќ, тоа се факти, изјави Чеда Јовановиќ, еден од лидерите на спрската опозиција за 1ТВ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата