Мајката на Карлеуша не починала од канцер... ПРИЧИНАТА ЛЕЖИ ВО НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајката на Карлеуша не починала од канцер... ПРИЧИНАТА ЛЕЖИ ВО НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА

Дивна Карлеуша почина на 3 март од последици на тешката болест со која новинарката со години се борела, со сета помош од нејзината ќерка Јелена Карлеуша. Тие двете се слушнале само неколку часа пред смртта на познатата радиска водителка, а се виделе трисетина часови пред фаталниот исход.

Тие двете се виделе во еден ресторан каде заедно вечерале. Според зборовите на изворот, Дивна таа вечер и признала на ќерка и дека искашлала крв.

Во јануари Дивна ја посети болницата во Истанбул, каде и се направени потребните прегледи и утврдено е дека во организмот нема ќелии на канцер. Меѓутоа за време на терапијата, нејзините бели дробови почнале да крварат. Дури и за време на вечерата со Јелена, искашлувала крв. Јелена и рекла веднаш утредената да оди на лекар, но бидејќи таа требала да оди на настап, инсистирала Дивна да оди сама на преглед. Во неделата наутро Дивна почина – пренесуваат медиумите.

Како што стојат работитие, за Дивна немаше спас, па дури и да се јавеше на лекар. За жал сите напади на кои беше изложена Јелена од почетокот на годината, ја дотепаа Дивна. Како да изгуби волја за живот. Баш Саша Поповиќ изјавил дека последните денови Дивна баш се намачила и дека се се одморила. Јелена пак кога дозна дека мајка и починала, веднаш отишла во болница каде се погрижила за се. Таа ја обекла и подготвила за последното испраќање. Дури и ја нашминкала, па сите се прашувале од каде смогнала сила – објаснил изврот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата