ПОЗНАТО Е ЗА КАКВО ДЕЛО СЕ ТЕРЕТИ: Зошто е уапсен Стевчо Јакимовски?

19.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЗНАТО Е ЗА КАКВО ДЕЛО СЕ ТЕРЕТИ: Зошто е уапсен Стевчо Јакимовски?

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и двајца вработени во општината  се приведени во истрага на одделението за организиран криминал при МВР, поради сомнение за злоупотреба на службената положба.

Според првичните сознанија на Телма, Јакимовски додека бил градоначалник, извршил легализација на земјиште со што е намалена цената на државен имот. Првичната оценка на одделот за организиран криминал е дека со злоупотреба на положбата се проневерени еден милион евра, а тоа е разликата межу реалната цена и продажбата преку процесот на легализација.

Јакимовски и двајцата вработени се приведени утрово. Јакимовски треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Во август 2018 доби мерки на претпазливост за истрага отворена од обвинителството за злоуптреба на службената положба.

Од октомври минатата година тој е осомничен во истрага на СЈО, „Хармонија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата