КАКО РОМЕО И ЈУЛИЈА: Малолетна кумановчанка избегала во домот на своето малолетно момче. Родителите се противат

17.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО РОМЕО И ЈУЛИЈА: Малолетна кумановчанка избегала во домот на своето малолетно момче. Родителите се противат

Полицијата трага по двајца малолетници, 14-годишно девојче и 15-годишно момче кои биле во љубовна врска и побегнале од дома, бидејќи родителите им бранеле да живеат заедно.

Во саботата вечерта во 22 часот во полициската станица Куманово 44-годишниот Р.Х. од Куманово пријавил дека неговата 14–годишна ќерка се одалечила од домот, а истиот ден околу 21:30 часот во полициската станица Велес, 40-годишниот Т.Ј. од Велес пријавил дека околу 19 часот во неговиот дом дошло токму пријавеното девојче од Куманово, кое било во љубовна врска со неговиот 15-годишен син.

Девојчето и предходно повеќе пати доаѓало кај нив.

Како што појасни портпаролотна СВР Велес Верољуб Додевски, двете деца му кажале на таткото дека сакаат да живеат заедно.

„Тој им рекол дека ќе ги пријави во полиција зашто се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. Потоа, тие излегле од домот и заминале во непознат правец“ – информира Додевски.

СВР Велес,презема мерки за пронаоѓање на децата

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата