САД и ЕУ ѝ воведоа нови санкции на Русија

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и ЕУ  ѝ воведоа нови санкции на Русија

САД се договорија со ЕУ, Австралија и Канада да им воведат нови санкции на руските лидери, поради продолжувањето на агресијата во Украина, соопшти американското Министерство за финансии.

Против шестмина челници, воведени се санкции поради заплена на украински бродови во Керч, во близина на Крим и поради нивното помагање на бунтовничките сепаратисти во источна Украина.

Со санкциите им се замрзнува имотот и се забранува трговија со нив.

„Откако Русија ја почна својата агресивна кампања против Украина и окупацијата на Кримскиот Полуостров, покажавме, заедно со прекуатлантските партнери, одлучно противење на незаконското делување на Русија, па и на нејзините напади во теснецот Керч“, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Како што се додава во соопштението, ја повикуваат Русија да и` ги врати на Украина бродовите и заробените членови на екипажот, да го почитува суверенитетот и интегритетот на украинската територија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата