ИНЦИДЕНТ ВО ГРЦИЈА: На „Скопјанецот“ Димитров кажете му дека „Македонија е грчка“ (ВИДЕО)

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИНЦИДЕНТ ВО ГРЦИЈА: На „Скопјанецот“ Димитров кажете му дека „Македонија е грчка“ (ВИДЕО)

Инцидент имаше денеска во грчкиот парламент, при средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров со Никос Вуцис, кога портпаролот на Златна Зора, Илиас Касидиарис, е спречен да влезе во канцеларијата.

„Македонија е грчка“, викал тој додавајќи дека и скопјанецот требало да чуе.

Снимката лично тој ја постави на Јутјуб.

„Горд сум што имав улога во историското помирување“, кажа Димитров. 

Тој е во дводневна работна посета на Атина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата