САД и Германија реагираа на изјавата на Мицкоски кој судењето за 27-ми април го спореди со Нирнбершкиот процес

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Германија реагираа на изјавата на Мицкоски кој судењето за 27-ми април го спореди со Нирнбершкиот процес

Амбасадите на САД и Германија реагираа откако, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го спореди судењето за 27-ми април со Нирнбершкиот процес.

Од амбасадата на САД велат дека таквата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби, посебно кога погрешно се користат настани од минатото.

Германската амбасада смета дека споредбата на судските постапки во Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна и неприфатлива. Оттаму велат дека со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците.

„Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за Нирнбершките процеси се целосно неприфатливи“, наведува германската амбасада во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ по реакциите образложија дека изјавата на Мицкоски била погрешно разбрана и оти споредбата е направена во преносна смила на зборот, прво зашто се однесува на опфатот на луѓе и второ на драконските казни кои што јавноста ги очекува за крвавиот четврток.

„Во никој случај изјавата не беше кажана со цел да се оправдаат злосторствата од минататa“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата