Лавровов: Без странско мешање во Венецуела

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавровов: Без странско мешање во Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на средбата со шефот на дипломатијата на Венецуела ја истакна важноста за мирно решавање на кризата во земјата без влијание на странските воени сили.

„За време на дискусијата за ситуацијата во Венецуела, руската страна ја истакнува важноста од пронаоѓање  мирно политичко решени на внатрешните проблеми во земјата, без деструктивно надворешно влијание, особено без употреба на странски сили“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Како што пренесе ТАСС, двајцата шефови на дипломатиите на денешниот состанок во Виена ја изразиле заложбата за зајакнување на соработката во Обединетите нации и другите меѓунардни платформи и го истакнале значењето за почитување на меѓународното право и односите помеѓу државите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата