ОН им препорачаа на службениците да не летаат со „боинг 737 макс“

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОН им препорачаа на службениците да не летаат со „боинг 737 макс“

Обединетите Нации им препорачаа денеска на своите службеници да не патуваат со авионите на „боинг 737 макс 8“.

Одделението за безбедност и сигурност на ОН објави соопштение во кое истакнува дека во авионската несреќа во авиокомпанијата „Етопиан ерлајнс“, животот го загубија 21 службеник на ОН.

Во соопштението, се потсетува дека тоа е втора авионска несреќа со исти тип на авион за помалку од 6 месеци.

„Додека не се утврдат причините за овие несреќи, службениците на ОН не би требало да патуваат со авионите од овој тип“, се порачува во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата