СВАДБА ИПОЛ - БУКВАЛНО: На свадбата се вљубиле во деверушата СЕГА СИТЕ ТРОЈЦА СЕ ЗАЕДНО ВО БРАК

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВАДБА ИПОЛ - БУКВАЛНО: На свадбата се вљубиле во деверушата СЕГА СИТЕ ТРОЈЦА СЕ ЗАЕДНО ВО БРАК

Каралин Хенри од Охајо имала 17 години кога му се доверила на своето момче Џастин дека ја привлекува спротивниот пол. Откако ја охрабрил да излегува и со жени, таа набрзо се вљубила во девојката Лана Даглас од Северна Ирска по повеќемесечното допишување.

Кога ја запознала Лана, таа имала лимфом во четврт стадиум. По секојдневното допишување, Каралин се заљубила во неа и вели дека било застрашувачко тоа што се заљубила во личност која би можела да умре секој час. 

Парот потоа ја замолил Лана да им биде деверица на венчавката во октомври 2018 година, а тоа било првпат Лана и Каралин да се запознаат во живо.

“Кога на денот на венчавката ја видов Лана нашминкана и дотерана, срцето ми заигра. Беше прекрасна и волшебна на секој можен начин. На прославата тројцата се држевме за рака и со часови танцувавме и пеевме. Никогаш нема да го заборавам тој ден”, вели Каралин.

Тој ден Лана и Џастин се заљубиле еден во друг, пишува “Daily Mail”. Денес, тројцата живеат заедно и спијат во ист кревет, но Лана и Каралин се асексуални што значи дека тие две немаат секс и дека на некој начин тој чин им се гади.

“Џастин не е асексуален, но разбира дека Лана и јас не сакаме секс. Тој размислува на следниот начин: ако се случи, се случи, ако не - нема”, вели Каралин и додава дека тој воопшто не е љубоморен што таа е заљубена во друга жена.

Каралин и Џастин се запознале во средно училиште каде заедно свиреле во бенд. Тој бил заљубен во неа две години, а таа одлучила да му даде шанса. По една година, Каралин сфатила дека ја привлекуваат и двата пола.

“Се плашев како моето семејство и пријателите ќе го прифатат фактот дека сум ЛГБТ, но тоа повеќе не можев да го кријам. Сакав да се чувствувам како е да се биде со девојка, но не сакав да го напуштам своето момче бидејќи веќе долго време бевме заедно”, објаснила таа.

И додека некои ја поддржуваат ваквата врска, многумина ѝ кажале дека таа е неморална личност бидејќи на овој начин таа сепак го изневерува својот сопруг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата