Барселона е елиминирана од Лигата на шампионите, Баерн Минхен им одржа лекција на фудбалерите на каталонскиот гигант, ги понижи со 8-2.

По овој пораз се огласи првиот човек на Барселона, Бартомеу.

“Навивачи простете ни” беа првите зборови на Бартомеу и додаде:

“Не ги оправдавме очкувањата. Пике беше во право, ова е катастрофа. Во иднина ќе носиме други одлуки, дел од нив ги имавме на ум пред натпреварот и ќе ги оствариме во следните денови”.