Човекот околу кого ќе се прекршат многу копја вечерва во Шпанија е Кике Сетиен. По загубената титула во Шпанија и онака немаше светла иднина на „Камп Ноу“, но по ваков дебакл како овој вечерашниот во ЛШ јасно е дека за него Барселона е само (лошо) минато. На прес-конференцијата по мечот, Сетиен пред новинарите рече:

„Ако ме прашувате за мојата иднина, мислам дека мораме соодветно да размислиме после толку понижувачки и болен пораз. Сега не знам што да кажам. Кога Пике ќе направи референца како оваа, јасна е огромната фрустрација и ќе мора да донесуваме одлуки размислувајќи за иднината. Ова и него го повреди многу. Ова беше многу болен пораз, имаше премногу голови. Тимот беше поразен од силниот Баерн“.