Барселона вечерва во Лисабон го претрпе еден од најтешките и најсрамните порази во клупската историја. Во четврфиналето од Лигата на шампионите против Баерн (М), Барса загуби со неверојатни 8:2. Германците беа класа подобри од Барселона, која на денешниот меч не беше ни оддалеку достоен ривал за германскиот шампион, кој како експресен воз минуваше меѓу дефанзивците на „блауграна“ редејќи ги головите во мрежата на Тер-Штеген.

Дека не им се пишува добро на момците на Кике Сетиен се виде уште по половина час игра. Баерн до 31. минута веќе имаше предност од 4:1, резултат со кој се замина и на одмор. Во првиот дел за Германците погодија (4′ и 31′), Перишиќ (21′) и Гнабри (27′), а единствениот гол за Барса беше всушност автогол на Алаба (7′).

 

Во вториот дел искра надеж за Барса дојде со голот на Суарез во 57. минута, но следуваше уште поенергичен одговор од момците на Ханси Флик, кои до крајот погодија уште трипати. Најпрво по една фантастична акција на Алфонсо Дејвис, Кимих зголеми на 5:2 (63′), а по влегувањето на Кутињо следуваа уште три гола.

Левандовски погоди за 6:2 (82′), а веднаш по него Кутињо погоди двапати за 8:2 (85′ и 89′). Ова несомнено е еден од најтешките порази на каталонците во историјата.