ЧЕСТИТКА ЗА УСПЕСИТЕ НА ВЛАДАТА: Американскиот центар за јавно здравје даде препорака ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧЕСТИТКА ЗА УСПЕСИТЕ НА ВЛАДАТА: Американскиот центар за јавно здравје даде препорака ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува своите жители дека ризикот од Ковид-19 во Македонија е многу висок. Оттаму препорачуваат патниците да ги избегнат сите меѓународни патувања кои не се неопходни во Македонија.

Патниците со зголемен ризик од тешка болест од Ковид-19 треба да размислат за одложување на сите патувања, вклучително патување во Македонија, стој во препораката од центарот кој нашата земја ја сметува во најризичната трета категорија на држави за кои се препорачува американците да ги откажат или одложат своите патувања.

Дополнително тие предупредуваат дека ризикот да се заболат од Ковид 19 во Македонија е многу висок, а доколку им е потребна медицинска помош и третман ресурсите се лимитирани.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата