19-годишниот Канаѓанец, Алфонсо Дејвис ги покажа сите свои маестрални фудбалски квалитети организирајќи го нападот и асистирајќи за петтиот гол на Баерн (М) на денешниот дуел со Барселона. Каталонците во нокдаун не можеа да го спречат налетот и ова виртуозно дело на младиот Дејвис, кое не се гледа често во најсилното европско клупско натпреварување.