Ако сакате РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - ОЧЕКУВАЈТЕ ПОМАЛИ ПЛАТИ и скратено работно време

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако сакате РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - ОЧЕКУВАЈТЕ ПОМАЛИ ПЛАТИ и скратено работно време

Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Сојузното биро за статистика.

Падот на приходите главно е последица на намаленото работно време за време на ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирусот. Најтешко погодени сектори се хотелиерството и угостителството, како и  патничкиот и автомобилски сектор.

- Широката примена на работата со скратено работно време заради пандемијата на коронавирус, негативно се одрази на нивото на бруто-месечен приход и на бројот на работното време - се наведува во соопштението.

Сепак, се додава дека програмата за скратено работно време, според која работниците работеле пократко, но ги задржале своите работни места, во голема мерка ја ублажиле загубата на приходот на вработените.

Според последните податоци на Институтот Ифо, дури 5,6 милиони работници во Германија работат со скратено работно време.

Патем, дури 54 проценти од работните односи што се склучуваат во Германија преку регулативи за регионот на Западен Балкан, се поврзани со квалификувана работна сила, според студијата на Институтот за пазарот на трудот и истражувањата за вработување (ИАБ).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата