Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека нема желба да се раздели со Џеси Лингард ова лето. 27-годишниот Англичанец не е прв избор на менаџерот и имаше најави дека тој ова лето ќе биде продаден.

Сепак, Норвежанецот претпочита да го задржи на „Олд Трафорд“ и да може да го користи како варијанта и за следната напорна сезона.

„Како Погба, и Лингард има едногодишен договор со опција да го продолжи. Менаџерот Солскјаер сака да го задржи во својот состав. Лингард го сака Јунајтед, но нема да биде уверен дека ќе игра редовно. Тој не е во почетниот состав и ретко се наоѓа меѓу резервите. Тој веројатно нема да добие ветување дека ќе игра почесто во иднина, но ќе има понуда да остане“, тврдат извори блиски до клубот.