Еден од најискусните италијански и светски тренери, Луиџи Делнери денеска го презема 21-от клуб во својата богата тренерска кариера. Според италијанските медиуми, Делнери е нов тренер на Бреша, кој ќе се обиде да го врати во Серија А.

Човекот чијашто тренерска кариера трае скоро 35 години, беше познат за пошироката јавност во периодот од 2000 до 2004 година, водејќи го Киево. Тој го донесе „летечките магариња“ во Серија А и во првата сезона се пласираше во Купот на УЕФА.

Меѓу многуте клубови што ги водеше беше и но и Емполи, Тернана, Порто, Рома, Палермо, Аталанта, Сампдорија, Џенова, Верона и последниот клуб што го водеше Удинезе.